Шест од шест: Како Мбапе стана омилен „пациент“ на Ламин Јамал

Лaмин Јамал и Килијан Мбапе ќе водат уште многу битки како предводници на Барселона и Реал Мадрид, но изненадувачки делува податокот дека Јамал целосно доминира во пресметките со францускиот голгетер.

Имено, овие двајца врвни фудбалери се имаат сретнато дури шест пати во изминатите 12 месеци, при што сите шест натпревари завршиле со радост на Јамал.

Се почна со полуфиналето од ЕВРО 2024 во кое Јамал со еврогол го трасираше патот на Шпанија кон големото финале. Потоа тој беше стрелец и во лига-триумфот на „Бернабеѕ“, потоа и во Супер-купот на Шпанија. Ламин не даде гол, но излезе како победник и од финалето на Копа дел реј, а потоа серијата ја продолжи и со победите на „Монжуик“ во Ла Лига и оваа синоќешната во Штутгарт, за пласман на Шпанија во финалето од Лигата на Нации.

Шест победи на шест натпревари, на пет од нив со гол во мрежата на противникот, Ламин Јамал дефинитивно почна да му набива комплекс на Килијан Мбапе…

Се вчитува...