Шестгодишно момче од Гостивар почина на фудбалски тренинг

Голема трагедија доаѓа од Гостивар каде шестгодишно дете на фудбалски тренинг починало. Детето било итно пренесено во болница откако колабирало, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, соопшти МВР.

Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, се вели во соопштението.

Надлежните и стручните лица потенцираат дека, за жал, токму ваквите трагични настани се потсетник колку се важни задолжителните, континуирани, лекарски прегледи на спортска медицина буквално за сите учесници, од најмала возраст, во спортските школи во земјава.

Се вчитува...