Германија го освои трофејот на Европското првенство за селекции до 21 година во Полска, и нормално е што во идеалниот тим на шампионатот има најмногу фудбалери од оваа репрезентација, дури шестмина. Тројца Шпанци влегоа во идеалните 11, а тимот го комплетираат еден Италијанец и еден Словак.
На голманската позиција се наоѓа Џулијан Полерсбек, германскиот чувар на мрежата, кој беше најзаслужен за пласманот на „панцирите“ во финалето, откако беше херој на полуфиналната пенал – пресметка против Англија.
Најдобар десен бек е Џереми Толјан од Германија, кој беше асистент на победничкиот погодок што го постигна Вајзер во финалето против Шпанија.
Централни дефанзивци се исто така Германци, Никлас Штарк и Јаник Герхарт, а одбранбената четворка ја пополнува Словакот Милан Шкрињар.
Во средниот ред се избрани Шпанецот Дани Себалјос, кој е и МВП играч на шампионатот, Максимилијан Арнолд (Германија), Макс Мејер (Германија) и Саул Нигез (Шпанија).
Навалната линија ја предводат Марко Асенсио (Шпанија) и Федерико Бернардески (Италија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА