Шевченко доби македонски дрес на подарок (ФОТО)

Селекциите на Македонија и Украина за фудбалери до 19 години се сретнаа денеска во рамките од квалификациите за ЕП, а специјален гостин на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје беше легендарниот Андриј Шевченко.

Поранешниот голгетер од неодамна ја извршува функцијата претседателот на Фудбалската Федерација на Украина, па Шева дојде во Скопје за да ги поддржи младите фудбалери во обид да обезбедат пласман на европскиот шампионат.

Тој беше пречекан од раководството на Фудбалската Федерација на Македонија, а претседателот Муамед Сејдини му подари на Шева дрес на македонскиот национален тим.

Се вчитува...