Шевченко: Европската суперлига ќе го убие фудбалот

Легендарниот украински фудбалер, а сега селекторт на националниот тим, Андриј Шевченко е голем противник на формирањето на Европската суперлига. Тој смета дека формирањето на оваа лига ќе го уништи фудбалот не само во Украина туку и во цела источна Европа.

„Идејата за Европска суперлига би го убила фудбалот кој денеска го познаваме. Државите како Украина би пателе и само елитните клубови би имале корист. Мораме да се фокусираме на развој на сите, а не само на најдобрите“, изјави Шевченко. 

Шевченко во кариерата најдобрите денови ги имаше во Милан за кој успеа да постигне дури 175 гола, а во кариерата играше и за Динамо Киев и Челси.

Се вчитува...