Шевченко го отстапува местото на Сергеј – Ребров ќе биде нов селектор на Украина

Сергеј Ребров официјално ќе биде претставен како селектор на националниот тим на Украина. Од страна на фудбалската федерација на Икраина на 9 август ќе биде официјално објавено назначувањето на Ребров на селекторската функција, а тогаш ќе следува и преставувањето на новиот селектор.

Познато е дека договорот со Сергеј Ребров ќе биде потпишан на две години. 47-годишниот фудбалски стрчњак ќе биде предводник на репрезентацијата во квалификациите за СП 2022 и ЕП 2024. Договорот може да се продолжи за уште една година по резултатите од селекцијата за Европското првенство.

Претходно беше објавено дека во договорот на Ребров со Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати ќе биде прекинат и искористена клаузулата дека ако биде поканет во украинската репрезентација, не треба да се плати надомест за прекин на договорот.

Финансиските услови предложени од федерацијата тешко дека ќе се разликуваат од оние што му беа понудени на Андриј Шевченко – околу 2 милиони евра. Да потсетиме дека на 1 август, беше објавено дека Андриј Шевченко ја напушта функцијата главен тренер на украинската репрезентација.

Се вчитува...