Андриј Шевченко долги години беше главен адут на украинската репрезентација на теренот, а прославениот голгетер сега како селектор ќе ја води оваа национална селекција на ЕВРО 2020.
Украина ќе биде наш втор противник во Букурешт, а Шевченко јасно стави до знаење дека неговите избраници нема да ја потценат Македонија, потенцирајќи дека „црвено-жолтите“ се квалитетна селекција.
„Македонија има многу добра екипа. Го потврдија тоа и низ квалификациите на патот до ова ЕП, но и видовте што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП 2022. Оваа селекција никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар меч. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал“, истакна Шевченко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА