Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина се уште ја бара замената за Фарук Хаџибегиќ на селекторската позиција. Во медиумите се шпекулира со повеќе имиња, а на листата сега се појави и легендарниот Украинец Андриј Шевченко.
Некогашната „Златна топка“ по професионалната кариера навлезе во тренерските води, но не успеа да се прослави. Последниот ангажман го имаше на клупата на Џенова која ја предводеше од 2021 до 2022 година.
Покрај Џенова Шевченко беше предводник и на украинската репрезентација од 2016 до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА