Украина испиша историја на Европско првенство откако со победата во продолжението од осминафиналето против Шведска успеа да се пласира помеѓу осумте најдобри репрезентации на стариот континент.
Селекторот Андреј Шевченко по натпреварот не го криеше задоволството, велејќи дека со оваа победа ја заслужиле љубовта од целата држава.
„Двете екипа играа многу добро. Тоа беше интересен натпревар во кој ниеден тим не сакаше да загуби, но за среќа успеавме да приредиме драма на крајот. Знаевме што треба да одиграме и кој може да ни зададе проблеми. Го следевме планот и на крајот тој се исплатеше. Поради оваа партија и посветеноста на нашиот тим заслужуваме љубов од целата Украина“, изјави легендата на украинскиот фудбал.
Во четвртфиналето од првенството Украина силите ќе си ги одмери против Англија. Овој натпревар ќе биде одигран во сабота со почеток од 21 часот во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА