Шевченко: Многу е важно Украина да се пласира на Светското првенство

Шкотска и Украина денеска од 20 часот и 45 минути ќе си ги одмерат силите во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Овој натпревар требаше да се одигра на крајот на месец март, но од добро познати причини беше одложен.

Пред натпреварот за медиумите говореше и доскорешниот селектор на Украина, Андриј Шевченко кој вели дека овој натпревар од голема важност за Украина и укринскиот народ.

„Натпреварот против Шведска е надеж за целата наша држава. Пласманот на Светското првенство сега е многу важен за Украина. Мотивацијата е неверојатна. По мое мислење треба да го оставиме резултатот на страна и да се фокусираме само на теренот. Мораме да играме за Украинците, за оние дома кои се борат за татковината, но и оние кои ја напуштија државата. Верувам дека може да ја победиме Шкотска, а потоа и Велс и да се квалифицираме на Светското првенство“, вели легендарниот украински фудбалер.

Победникот од полуфиналето во финалето од баражот силите ќе си ги одмери со Велс и тој натпревар воедно ќе го даде последниот европски патник на Мундијалот.

Се вчитува...