Шевченко: Мојата мајка и мојата сестра се во Киев, не сакаат да ја напуштат својата татковина

Поранешниот фудбалер и селектор на Украина, Андриј Шевченко истакна дека е растргнат меѓу мислите да се врати во земјата и активно да се вклучи во војната и одлуката да остане во Лондон каде би ја подигнал свеста на луѓето и би помогнал финансиски на своите сонародници.

Легендарниот фудбалер во разговор за „Скај спортс“ изјави дека мајка му и сестра му и понатаму се во Киев.

„Многу сум горд што сум Украинец. Ова се тешки времиња за мојата земја, моите луѓе и моето семејство. Мајка ми и сестра ми се уште се во Киев. Се случуваат страшни работи. Луѓето умираат, деца умираат, проектили се насочени кон нашите домови. Мораме да ја прекинеме оваа војна, мораме да најдеме начин да го направиме тоа. Мајка ми и сестра ми како и поголем дел Украинци не сакаат ја напуштат земјата. Остануваат да се борат за слободата. Во овој момент земјата е обединета, едни на други сите си помагаат. Украина ги поминува едни од најтешките времиња во историјата, но луѓето се едни за други тука бидејќи сакаат слобода, сакаат да ги одбранат своите домови. Имаме бегалци, потребни ни се хуманитарна и медицинска помош, храна. Ми се чини дека можам многу да направам од тука. Тоа и ќе го направам“, изјави Шевченко. 

 

 

Се вчитува...