Шевченко: Сакаме само мир, украинскиот народ е во опасност

Воената операција на Русија врз Украина е во фокусот на вниманието на светската јавност. Нескриена е загриженоста кај голем број истакнати украински, но и руски спортисти, кои се обединуваат во пораките дека војната не е решение.

Легендарниот Андриј Шевченко преку социјалните мрежи испрати апел до Русите да запрат со воените дејствиа затоа што украинскот народ е во реална опасност.

„Во раните часови, Русија започна целосна војна. Народот и моето семејство се во опасност. Украина и нејзиниот народ сакаат мир и територијален интегритет. Ве молам да ја поддржите нашата земја и да ја повикате руската влада да престане со својата агресија и кршење на меѓународното право. Ние само сакаме мир. Војната не е решение“ – напиша Шевченко во својата емотивна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andriy Shevchenko (@andriyshevchenko)

Се вчитува...