Украина бајката на Европското првенство ја заврши со историски пласман за оваа нација во четвртфиналето на големата сцена каде избраниците на Андреј Швеченко беа запрени од еден од најголемите конкуренти на освојување на првенството, Англија со 4-0.
Селекторот на Украина по натпреварот имаше само пофални зборови за англиската репрезентација и изјави дека за силна Украина потребно е и силно домашно првенство.
„Англија е многу добра екипа. Тие играа многу прагматично, ги користеа своите силни страни, ги користеа и нашите грешки и одиграа на едно високо ниво. Го контролираа мечот. Се додека немаме силно домашно првенство, ретко ќе доаѓаме на вакви натпреварувања. Да можете да се натпреварувате со вакви играчи, морате да имате играчи кои играат во топ пет лигите“, изјави Шевченко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА