Шевченко со големо ветување: Ќе ја вратиме Џенова таму каде што припаѓа

Легендарниот украински фудбалер, Андриј Шевченко и официјално беше назначен за нов тренер на Џенова. Новиот тренер на Горан Пандев и компанија денеска ги сподели емоциите, па потенцираше дека Џенова ќе биде вратена во нејзината голема историја.

Шевченко во својата тренерска кариера работеше како селектор само во репрезентацијата на Украина. Заедно со репрезентацијата стигнаа до четвртфиналето на Европското првенство во 2020 година, каде загубија од репрезентацијата на Англија со резултат 0-4. На 1 август 2021 година, Украинецот ја напушти оваа позиција.

„Да ја започнеме оваа нова авантура заедно. Ќе ја вратиме Џенова во нејзината голема историја“, напиша Шевченко на својот Твитер профил.

Инаку, Андриј во Серија А играше како играч на Милан. Напаѓачот одигра 322 натпревари во дресот на италијанскиот клуб, постигнувајќи 175 гола и 45 асистенции.

 

 

 

Се вчитува...