Шевченко во Минхен донесе дел од трибина на бомбардиран стадион (ФОТО)

Во пресрет првиот натпревар на Укрина на Европското првенство во Германија, претседателот на фудбалската федерација на оваа држава, Андриј Шевченко присуствуваше на изложба во центарот на градот Минхен.

Таму беше поставена дел од трибина од стадионот во Харков, изграден за Европското првенство во 2012 година кое се одржа во Украина и Полска, а од неодмана уништен од страна на Русите во бомбардирањето на овој град.

„Кога дознав дека бил срушен стадионот се почувствував како некој да ми го уништил домот“, изјави Шевченко кој тренираше на овој стадион со репрезентацијата за време на вршење на селекторската функција.

Се вчитува...