Најуспшената скијачка во последните неколку години, Американката Микаела Шифрин влезе во историјата на светското скијање откако доје до 15.победа на тркиот од Алпскиот куп во една календарска година. Таа е првата на која воопшто и успеало ова земајќи ги во предвид двете конкренции.
Шифрин беше доминантна на двете слаломски трки во Земеринг и дојде до нов успех во најтехничката дисциплина. Вчерашната велеслаломска победничка Петра Влхова заврши на втората позиција, третото место и припадна на Швајцарката Венди Холденер.
Шифрин е супериорна во слалом, победи на сите пет трки и е убедлива лидерка со максимални 500 бода пред Холендер кој има 100 помалку.
Американката е и сигурна на водечката позција и во генералниот поредок во кој има двојно повеќе бодови од Влхова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА