Шифрин доминантно до победа на првиот слалом сезонава

Најдобрата алпска скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин доминантно ја стартуваше одбраната на малиот кристален глобус во слалом, откако денеска на убедлив начин триумфираше на трката во фински Леви.

Американката до нејзината 98 победа во Светскиот куп стигна со вкупно време од 1:47.20 минута, што беше за 79 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Катерина Линсбергер од Австрија. Подиумот го надополни Лена Дир од Германија со заостанување од 83 стотинки зад времето на победничката.

За потсетување првата македонска алпска скијачка која запиша настап во Светскиот куп, не успеа да ја заврши првата трка на премиерниот слалом сезонава, откако погреши во третиот сектор.

Се вчитува...