Микаела Шифрин ја продолжи доминацијата во женското скијање откако Американката стигна и до шестиот трофеј во генерален пласман, кревајќи го големиот Кристален глобус што традиционално се доделува на најдобрите во текот на целата скијачка сезона.
Таа имаше предност од 85 бода во однос на Еме Ајхер од Германија во пресрет на денешната последна трка, велеслаломот што се возеше во Хафјел, каде на Шифрин и беше доволно да влезе во Топ 15 за да ја осигура титулата.
Интересно, по првото возење таа се најде на 17. позиција, но Американката извозе нешто подобро во вториот обид, искачувајќи се до 11. место што и го донесе посакуваниот трофеј.
Со овој успех, Шифрин се израмни со Австријката Анемари Мозер – Прел, двете сега се најтрофејни во историјата на женското скијање со по шест големи Кристални глобуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

