Микаела Шифрин е апсолутно непобедлива сезонава на трките од Алпскиот светски скијачки куп во слалом. Ја забележа и шестата победа во најтехничката дисциплина триумфирајќи доминантно на трката на Слјеме кај Загреб. За неа ова е четврта победа на загрепската патека, 52. во Светскиот куп и дури 37. во слалом во кариерата.
Американката беше 1.25 секунди побрза од конкурентката Петра Влхова која и направи огромен притсок возејќи одлична втора трка. Третото место и припадна на Швајцарката Венди Холденер.
Шифрин има 100 бода повеќе од Влхова во поредокот за слалом, во генералниот пласман пак и бега 466 бода на словачката скијачка.
На Слјеме утре во слалом ќе се натпреваруваат скијачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА