Шифрин и Влхова ја поделија победата во Марибор

Американката Микаела Шифрин и Словачката Петра Влхова се победнички на велеслаломот во Марибор.

Шифрин и Влхова остварија идентично време од 2:31.31, убедливо оставајќи ја конкуренцијата зад себе. На пиедесталот се најде уште и норвешката скијачка Рагнхилд Мовинкел која зад победничките доцнеше 93 стотинки.

Шифрин на тој начин ја задржа предност во однос на Влхова во вкупниот пласман во велеслалом. Американката има 760 бода, а словачката скијачка 680 бода. Во вкупниот пласман во Светскиот куп, Шифрин е водечка со 1594 бода, исто така пред Влхова со 998 бода.

Утре, повторно во Марибор, се вози и женската слаломска трка.

Се вчитува...