Американската скијачка Микаела Шифрин, дојде до 87. победа и така стана најуспешна во историјата на Светскиот куп во алпско скијање.
Американката денеска во Оре во десетиот слалом во сезоната, победи со време од 1:41,77. Тоа е нејзина 13-та победа во сезоната.
Ширфин која до денеска го делеше првото место на вечната листа со Ингемар Стенмарк, обезбеди трофеи во слалом и велеслалом, но и во генералниот пласман во Светскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА