Шифрин ја уништи конкуренцијата на велеслаломот во Лиенц

Најдобрата алспка скијачка на сите времиња Микаела Шифрин стигна до нова победа во светскиот куп, откако денеска беше најбрза на велеслаломот кој се возеше во австрискиот ски-центар Лиенц.

Американката до победата стигна со вкупно време од 2:05.98 минути што беше за 38 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Федерика Брињоне. Подиумот го надополни Швеѓанката Сара Хектор која доцнеше 45 стотинки зад времето на победничката.

Утре на програмата е последната трка за оваа календарска 2023 година, каде во Лиенц ќе се вози слалом.

Се вчитува...