Микаела Шифрин стигна до победа на слаломот кој се возеше во словачка Јасна. Американката до победата стигна со вкупно време од 1:44.28 минути, што беше за 34 стоти делови од секундата подобро од домашната натпреварувачка Петра Влхова. Подиумот го надополни Венди Холденер од Швајцарија со задоцнување од 52 стотинки зад времето на победничката.
Спустот во машка конкуренција кој се возеше во австрискиот Салбах, го освои домашниот натпреварувач, Винсент Крихмајер. Тој до победата стигна со време од 1:53.07 минута, што беше за 17 стотинки подобро од, Швајцарецот, Беат Фојц. Третото место му припадна на Макс Мајер од Австрија со задоцнување од 27 стоти делови од секундата зад победникот.
Утре мажите ќе возат супер-џи во Салбах, додека жените ќе го возат вториот слалом во Јасна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА