Американската скијачка Микаела Шифрин во име на спортистите повика на поголема „транспарентност“ на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), со желба дополнително да се проучи инвестицискиот предлог на фондот „ЦВЦ“ вреден 400 милиони евра.
Скијачите преку писмо побараа од претседателот на ФИС да го одложи потпишувањето на нов договор со маркетинг агенцијата „Инфронт“ за да почнат разговори со фондот „ЦВЦ Капитал Партнерс“.
„Не се преправаме дека знаеме сè. Едноставно бараме поголема транспарентност и подобро разгледување на нашиот глас и понудите што се на маса, за да ја подобриме иднината на нашиот спорт“, напиша Шифрин на социјалните мрежи споделувајќи го писмото на скијачите упатено до претседателот на ФИС Јохан Елиас.
Елиас, кој беше реизбран за претседател на ФИС во 2022 година, ја стави централизацијата на телевизиските права како еден од неговите приоритети. Историски гледано, националните здруженија ги продаваат своите права, најмногу на агенцијата Инфронт, која потоа ги препродава на радиодифузери и спонзори.
„Овој понеделник, 9 декември, неколку водечки скијачи учествуваа на состанокот со претставниците на ЦВЦ за да ги видат нивните намери и визија за потенцијална инвестиција од 400 милиони евра во ФИС“, се вели во писмото објавено од Шифрин.
Во писмото се додава дека скијачите се „советувани целосно да ги проценат можностите што ги дава ЦВЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА