Шифрин по страшниот пад: Ви благодарам на сите за поддршката!

Најдобрата светска скијачка, 29-годишната Микаела Шифрин, по падот на саботниот велеслалом од Светскиот куп во Килингтон, испрати видео порака на социјалната мрежа Х, велејќи дека нема причина да за грижа за нејзиното здравје.

Иако беше најдобра по првата велеслаломска трка, таа доживеа тежок пад и не успеа да ја заврши втората трка. Иако сите стравуваа за нејзината повреда, сепак таа со видео успеа да ги смири нејзините фанови.

„Во моментов нема многу простор за грижа, едноставно не можам да се движам. Имам прилично голема гребнатинка и нешто ме прободе. Едноставно не можам да се движам. Жал ми е што ве исплашив сите, но изгледа дека сите наоди се во ред, ви благодарам за поддршката и грижата“, рече Шифрин.

Се вчитува...