Шифрин со победа на слаломот во Солдеу, ја потврди доминацијата во светскиот куп

Американката Михаела Шифрин ја потврди својата доминација во Светкиот куп во алпско скијање со победа на последниот слалом сезонава кој денеска се одржа во ски – центарот Солдеу, во Андора. Шифрин со одлично скијање во втората трка успеа да ја надополни негативата од првото возење и на крајот за само седум стотинки да биде подобра од второпласираната Швајцарка Венди Холденер.

Подиумот го надополни Петра Влхова од Чешка со заостанување од една секунда и дваесет стотинки зад времето на Шифрин.

Дамите својата последна трка сезонава ќе ја имаат утре кога на програмата е последната велеслаломска трка.

 

 

Се вчитува...