Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков го комплетираше трансферот во Тиквеш, клубот во кој искусниот дефанзивец се врати по долгогодишни селидби низ клубови од Македонија и од странство. Шиков вториот дел од ланската сезона го мина во дресот на Академија Пандев, му помогна на овој тим да стигне до пехарот во Купот на Македонија, но потоа реши да се врати „дома“ во Кавадарци.
Планот е Шиков да работи како дел од управата, но и да му помогне на тимот со своите фудбалски квалитети, со што екс-репрезентативецот дефинитивно ќе биде значаен адут во обидот Тиквеш да успее да обезбеди влез во елитното друштво.
Само за потсетување, кавадаречкиот клуб ја заврши ланската сезона на второто место во Втората лига – Исток, но во клучниот бараж за влез во елитата беше поразен од Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА