Прецизноста на Мице Шилегов во два наврати и донесе зголемување на удобното водство на македонската репрезентација на првиот натпревар од квалификациите за Светското првентво за ракометари до 21 година. Десното репрезентативно крило постигна осум погодоци од 11 шута, меѓу кои и атрактивен цепелин со помош на Талески за кој вели дека бил само случајност. И покрај одличниот учинок, Шилегов остана скромен по последниот свиреж.
„Одигравме одлично, колективно и се надеваме дека истата игра ќе ја прикажеме и на утрешниот натпревар против Португалија. Ние одигравме феноменална одбрана која си го направи своето и Полјаците едноставно не можеа да се пробијат. Цепелинот не беше мајсторија, туку чиста случајност“ – истакна Шилегов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА