Македонската атлетичарка Катерина Шиповиќ направи историски подвиг на траката 24 часа во Серес, Грција каде го освои првото место со истрчани 202 километри со кои обезбеди норма и за настап на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Франција.
Покрај првото место, македонската атлетичарка го имаше и најбрзото време во 100 километри и најбрзото време во 100 милји.
Победата Шиповиќ и нејзиниот тим и им го посветија на прерано починатите од трагедијата во Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА