Расмус Хојлунд, 75-милионското засилување на Манчестер Јунајтед од летото 2023 година се уште не успева да го покаже квалитетот кој го поседува и го демонстрираше во настапите за Аталанта.
Оваа сезона постигна само три голови на 28 натпревари во Премиерлигата па е често мета на критичари. За него последно говореше Алан Ширер кој смета дека се уште не е подготвен да предводи напад на клуб каков што е Манчестер Јунајтед.
„Гледам оштетен играч во Хојлунд. Мислам дека не беше подготвен и се уште не е за предводи напад во клуб како Манчестер Јунајтед. Три голови во Премиерлигата, а и во моментот гледам играч кој не сака да влегува во ситуација. Неговото темпирање е целосно промашено. Мислам дека нема сонмеж дека се наоѓа во криза со самодоверба.
Ставен е во тешка ситуација во клуб каде за предводување на напад мораш да бидеш навистина талентиран. Притисокот кој е на него, во смисла да мора да го прави тоа што во моментот не може, согласно со цената која клубот ја плати за него – едноставно се уште не е подготвен“, изјави легендарниот англиски голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА