Ширер открива како испадна Њукасл: Требаше да одмориме, а тогаш слушнав звуци…

Легендарниот Aнгличанец Алан Ширер се потсети на интересна приказна од времето кога го предводеше Њукасл Јунатед од тренерското место. Во 2009 година неговиот тим очајно се бореше за опстанок во Премиерлигата, а тимот допатувал во Бирмингем вечерта пред гостувањето против Астон Вила.

По тимската вечера Ширер се надевал дека ќе отспие во хотелската соба со цел да се одмори пред важниот натпревар, но некој ги пореметил неговите планови.

„Вечеравме во хотел заедно, се напивме неколку пијачки и отидовме на спиење. Нормално лежев во кревет и во два, три часот наутро слушнав некои звуци. Ова е вистинска приказна. Мислев дека некој свири клавир, а тогаш слушнав и некои други работи. Дослушав да видам за што станува збор и имав и што да видам. Некој фраер имаше секс со женска на клавир. Не знаев што да правам. Му викнав „Ајде брату побрзај!“, откри Ширер во подкастот на Гери Линекер.

По вечерта, не помина добро ни следниот ден. Њукасл загуби со 1-0 од Астон Вила по автоголот на Дамиен Даф.

„Не е ни чудно што на крајот испаднавме од лигата. Веднаш знаев дека се тргна на лошо“, додаде легендата на клубот.

Се вчитува...