Шишето ја криеше тајната за бранењето пенали на египетскиот голман (ФОТО+ВИДЕО)

Египетскиот голман Габаски, имаше своја посебна тактика за бранење на пенали во Африканскиот Куп на Нации. Тоа е неговото шише, кое беше откриено веднаш по вчерашното финале против Сенегал. Габаски си го заборавил шишето по пенал рулетот, а интересно е тоа што поголемиот број од удари на фудбалерите на Сенегал ги прочита, но одбрани само еден.

На крајот неговата селекција го загуби натпреварот, но голманот стана „хит“ по одбранетите пенали на ова издание на АФК. Инаку во регуларниот дел му одбрани и удар на Мане, и тоа благодарение на Мо Салах кој му дошепна нешто пред изведувањето на ударот од белата точка.

Се вчитува...