Огромна е радоста во таборот на Вардар по убедливата победа над Пик Сегед во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Данил Шишкарев во изјава за руските медиуми открива како течеле подготовките за овој дуел, што Вардар го доби убедливо, широко отворајќи си ја вратата кон нов фајналфор турнир.
„Петта сезона сума во Вардар, во меѓувреме овој тим го доби неопходното искуство за играње на клучни натпревари, како што можевме да видиме на овој меч со Пик Сегед. Клучната работа денеска беше што во Вардар играат ракометари што се родени победници. Сите знаеме што ни се случува во клубот, но седнавме и се договоривме – си ветивме дека без оглед како ќе тече натпреварот, ние ќе дадеме 120% од своите можности. Се случи токму тоа и среќни сме што победивме, иако никој не можеше да очекува дека во април толку тажни ќе го играме последниот натпревар во Скопје за Вардар во ЛШ“ – истакнува Шишкарев.
Финансиските проблеми на клубот стануваат се поголеми како што се ближи крајот на сезоната, но руското крило и за тоа има решение.
„За мене нема сомнеж – дефинитивно ќе играме на фајналфор тунирот, треба само да си купиме билети и да си го платиме хотелот. Сепак, јас ќе порачам – ако треба и пеш ќе одиме до Келн, бидејќи вакво нешто се случува еднаш во животот“ – истакнува Данил Шишкарев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА