Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски ја заврши соработката со финскиот прволигаш Лахти.
По крајот на сезоната во Финска, заврши договорот за 23-годишниот чувар на мрежата со Лахти по што сега е во потрага по нов клуб.
„Му благодарам на Лахти за соработката. Сега следи нов предизвик“ – се огласи и Шишковски по објавата за крај на договорот со Финците.
Дамјан Шишковски досега во кариерата има настапи за Работнички на домашната фудбалска сцена, како и за белгиски Гент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

