Шишковски е блиску до потпис со Борац Бања Лука

Македонскиот голман Дамјан Шишковски е многу блиску до преселба во првенството на БиХ, и тоа во шампионот на оваа земја Борац од Бања Лука.

Овој тим стана без првиот голман Марко Милошевиќ, по што веднаш почна потрага по нов чувар на мрежата, а на врвот на листата со желби се наоѓа токму Шишковски.

Искусниот Македонец е слободен играч по истекот на договорот со Арарат, а според информациите од босанските медиуми Шишковски е многу блиску до трансфер во Борац, тим со кој ќе настапува и во квалификациите за Лигата на Шампионите летово. Овој голман претходно има настапувано и за Докса од Кипар, како и за Лахти и Ропс во Финска, додека во мак-фудбалот ги има брането боите на Работнички.

Се вчитува...