Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и неговиот Борац Бања Лука ја добија „македонската пресметка“ против Сараево на Стефан Ристовски и Агон Елези во шампионатот на БиХ.
Борац Бања Лука триумфираше со 2-0, благодарение на головите на Хреља во 48. минута и Периќ во 88. минута од средбата.
Шишковски, сепак, победата на својот тим ја гледаше од клупата за резервни играчи. Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во одбраната на Сараево, а Елези влезе во игра во 57. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

