Шишковски одличен – Борац Бања Лука со минимална предност ќе патува во Албанија (ВИДЕО)

Репрезентативниот фудбалски голман на Македонија Дамјан Шишковски одигра одличен меч за својата Борац Бања Лука во победата против албанска Егнатија со 1-0 во првиот натпревар од двомечот во воведното коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Егнатија имаше само еден удар во рамките на голот на Шишковски, кој немаше проблеми да го скроти шутот на ривалот, додека погодокот за триумф на Борац го постигна Дамир Хреља во 95. минута од средбата.

Реваншот меѓу Егнатија и Борац Бања Лука е закажан за 17. јули (среда), а посреќниот од овој двомеч во второто коло ќе игра против грчки ПАОК.

Borac Banja Luka 1-0 Egnatia – Damir Hrelja 90'+5'
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...