Шишковски се враќа во Работнички, „романтичарите“ утре почнуваат со подготовки

Повремениот македонски репрезентативец Дамјан Шишковски се враќа во редовите на Работнички, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Голманот се договорил со раководството на „романтичарите“ за нова едногодишна соработка која ќе отпочне откако ќе завршат обврските на Шишковски со финскиот клуб Ропс, кој ќе земе учество во квалификациите за Лигата на Европа. По овие настапи, Шишковски ќе се приклучи на составот на новиот тренер Александар Влахо.

Утре Работнички ќе ги стартува летните подготовки за новата сезона. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка во клупските простории, со почеток во 18 часот.

Се вчитува...