Шкемби: Струга ТЛ претпрпе доста промени летово, ќе треба време тимот да се воигра

Некогашниот македонски првак Струга ТЛ, претрпе доста измени во играчкиот кадар за следната сезона. Од екипата си заминаа некои познати имиња како Сава Радиќ, Стефан Спировски, Бесарт Кривањева, Никола Влајковиќ… додека во тимот мку пристапија Мазулухис, Ласана Диако, Гледи Мици, Марко Анџелети… Во пензија заминаа Фљамур Таири и голманот Раиф Мирселоски, па така со нови сили и со нов тренер, стружани ќе атакуваат на висок пласман идната сезона.

Новиот тренер Бледи Шкемби, кој го замени Илчо Ѓорѓиоски на клупата на стружани, за официјалната веб страница на клубот зборуваше за амбициите за новата сезона. Стружани новата сезона ја отвораат со дуел против Македонија ЃП.

„Имавме добра подготвителна фаза. Подготвени сме за првиот меч од сезоната. Дефинитивно имаме информации за противникот. Од она што го добивме, можам да кажам само дека играме против тим кој треба да се цени, и покрај тоа што доаѓа од понизок ранг. Сепак, имаат искуство и затоа мораме да дадеме максимум“, изјави Шкемби.

Шкемби го презеде тимот од самиот почеток на подготовките. Тој е задоволен од посветеноста на играчите, но она што го загрижува е фактот што некои од новите трансфери пристигнаа доцна и не се во најдобра форма.

„Се подготвуваме веќе 7 недели и повеќето играчи имаа добра фаза. Некои од играчите кои ги ангажиравме не се во најдобра форма, бидејќи ни се приклучија малку подоцна, но сепак работиме, особено со овие играчи за да бидат во најдобра форма што е можно поскоро. Ќе треба време за аклиматизација, со оглед дека тимот претрпе доста измени“ – вели Шкемби.

„Мораме против секој противник да се однесуваме исто, да се однесуваме максимално фокусирано и мотивирано. Да дадеме максимум против секој противник, ако на крај сакаме да бидеме меѓу екипите кои ќе се борат за место во Европа“, заврши тренерот на Струга ТЛ.

Се вчитува...