Шкендија Арачиново донесе големо засилување (ФОТО)

Шкендија Арачиново донесе големо засилување за продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, во името на поранешниот фудбалер на Шкупи и Вардар, Бесар Исени.

29-годшниот Исени и официјално е нов член на второлигашот од Арачиново, во желбата низ пролетниот дел од сезоната да се атакува на место во елитата.

Исени потекнува од фудбалската школа на Шкупи, минувајќи ги и сите младински селекции на Македонија. Беше дел и од тимот на Вардар во 2017 година кој играше во Лигата на Европа, а потоа повторно се врати на Чаир. Настапуваше и за неколку клубови од Албанија и од Косово, како и за екипата на Воска Спорт.

Се вчитува...