Шкендија Арачиново го шокираше Пелистер за четвртфинале во Купот, и Силекс и Струга ТЛ во Топ 8 (ВИДЕО)

Второлигашот Шкендија Арачиново се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако во осминафиналната пресметка во Арачиново славеше со 1-0 против прволигашот Пелистер.

Тимот од Арачиново, предводен од клупата од Љупчо Марковски, го шокираше Пелистер сосема заслужено обезбедувајќи место во Топ 8 во Купот на Македонија.

Победничкот гол за Шкендија беше на Арсим Љамалари со глава во 51. минута од средбата по убаво изведениот корнер од десната страна.

Во четвртфиналето место обезбедија и Силекс кој славеше со 1-2 на гостувањето против Башкими, како и Струга ТЛ која убедливо со 0-5 триумфираше на гостувањето против Македонија ЃП, со головите на Ивковиќ, Воша, Компаоре, Малески и Јевтоски.

Силекс до триумфот над Башкими дојде со головите на Додев во 4. минута и Николиќ во 78. минута.

Работнички и Брегалница преку пеналите ќе одлучуваат за патникот во четвртфиналето, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1-1.

Утре од 14 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ, Вардар ќе го пречека Новаци.

Се вчитува...