Македонскиот фудбалски второлигаш Шкендија Арчиново одлучи да ја прекине соработката со досегашниот тренер Шабан Сулејман.
Одлуката е донесена во заемна согласност меѓу двете страни, како дел од новиот правец во кој клубот ќе се движи во следниот период. Сулејман минатата сезона успеа да ја врати Шкендија Арачиново во Втората лига на Македонија.
Со меѓусебен договор, денеска одлучивме да се разделиме со нашиот тренер, Шабан Сулејман. Шкендија Арачинови 77 од срце му се заблагодарува на тренерот Сулејман за неговиот придонес, посветеност и професионална работа што ја даде во овој период. Тој секогаш ќе остане дел од нашата историја и ќе ја негува почитта и благодарноста на нашиот клуб и навивачите“ се вели во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

