Шкендија Арачиново се спасуваше во регуларниот дел, па преку пеналите ја исфрли Саса од Купот на Македонија

Шкендија Арачиново се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во 1/16-финалната пресметка дури по изведувањето на пеналите ја елиминираше Каменица Саса на дуелот кој се играше во Куманово.

Шкендија се спасуваше во последните минути од пораз од регуларниот дел од мечот, играше и со фудбалер помалку но на крај преку „пенал-рулетот“ успеа да се избори за продолжување на натпреварите во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1-1. Најпрво гостите од Каменица поведоа со погодокот на Спасовски во 59. минута од средбата, но Шкендија Арачиново, иако од 64. минута играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на Коцев, а успеа да израмни со гол во 83. минута на Бурхан.

Па, потоа по пеналите Шкендија Арачиново на крај славеше со 5-4.

Претходно, во осминафиналето од Купот на Македонија место веќе обезбедија и Работнички, Силекс, Охрид, Детонит Плачковица, Беласица, Брегалница и Македонија ЃП, а директно место во осминафиналето имаат минатогодишните финалисти Вардар и Струга ТЛ.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ОХРИД: Охрид – АП Брера 1-1 (пенали: 5-3)
ВЕЛЕС: Башкими 2008 Јаболчиште – Детонит Плачковица 1-4
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички 0-16
НОВАЦИ: Евротип – Силекс 1-7
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница 0-6
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП 0-14

СТРУМИЦА: Беласица – Арсими 2-2 (по пенали: 3-2)

КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса 1-1 (по пенали: 5-4)

3. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер

9. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПРИЛЕП: Победа – Башкими

10. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш

Се вчитува...