Шкендија без капитенот Тотре против Гостивар

Шкендија во недела го пречекува на свој терен тимот на Гостивар, во 20. коло од ПМФЛ. Тетовскиот тим оди ослабен на овој натпревар, со оглед дека тренерот Јетон Беќири нема да може да смета на капитенот Енур Тотре.

Тотре на мечот со Македонија ЃП го доби петтиот жолт картон, и автоматски му следува еден меч суспензија.

Добра вест за тренерот на Шкендија е враќањето на Мевљан Адили. Стоперот не беше во комбинација за средбата со „лавовите“ поради повреда, но сега е подготвен за „кам-бек“ во тетовскиот тим.

Се вчитува...