Шкендија денеска го дознава противникот во 1/16-финалето од Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија денеска ќе го дознае противникот во 1/16-финалето од Конференциската лига на УЕФА. Од 13 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за 1/16-финалето во кое за првпат во историјата и Македонија ќе има свој претставник.

Шкендија првпат во историјата успеа да обезбеди европска пролет за една македонска екипа, запишувајќи огромен успех за себе и за македонскиот клупски фудбал. Но, како што порачуваат од црвено-црниот табор сигурно не планираат да застанат тука.

Во нокаут-фазата, противник на Шкендија во 1/16-финалето ќе бидат екипите на Самсунспор од Турција или Лех Познањ од Полска.

Претставници на Шкендија на ждрепката во Нион ќе бидат спортскиот директор Ардиан Цуцули и членот на извршниот одбор, Валдрин Ука.

Се вчитува...