Шкендија: Добредојдени се „Шверцерите“ во Тетово, нека биде фудбалски спектакл

Лидерот во Првата фудбалска лига на Македонија, Шкендија објави дека ќе дозволи присуство на гостински навивачи на натпреварот од 16. коло во домашниот шампионат на кој во Тетово ќе го пречекаат големиот ривал Шкупи.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Шкендија:

„Од раководството на Шкендија соопштуваме дека е прифатено барањето на Шкупи за присуство на нивните навивачи на натпреварот од 16. коло од Првата лига, кој ќе се одигра во среда, на 27 ноември, во 13.00 часот, на Градски стадион во Тетово. По долго време, во важен фудбалски дуел, на трибините ќе имаме можност да ги видиме двете навивачки групи „Балисти“ и „Шверцери“ кои ветуваат несекојдневен спектакл.

Шкендија повикува на празнична и достоинствена атмосфера, избегнувајќи секаква непотребна провокација на етничка, расна и верска основа. Фудбалот е прослава што не обединува, а овој натпревар е совршена можност да ја покажеме нашата почит и единство како браќа. Ги повикуваме сите присутни да придонесат за успехот на настанот и овој дуел да го претвориме во пример за фудбалот во земјава.

Теренот ќе одлучи кој ја заслужува победата, но на трибините нека блесне само љубовта кон фудбалот и нашата заедничка националност“, стои во соопштението на Шкендија.

Се вчитува...