Шкендија ќе игра против Њу Сеинтс (или ТНС) од Велс во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Познат е овој противник на тетовскиот тим, особено на Бесар Ибраими, кој му даде четири голови на 10. јули 2018 година. Тогаш овој тим беше противник на Шкендија, и дома во првиот меч славеше со 5-0.
И кога се чинеше дека реваншот ќе биде формалност. Велшаните за само 35. минути дојдоа до предност од 3-0. Следуваа напади на двата тима, следуваа шанси, меѓутоа немаше гол се до судиското надополнување кога домашниот тим тогаш стигна и до 4-0. Му требаше само гол да се избори за продолженија, но до него не дојде, па Шкендија го продолжи патот во ЛШ.
Тетовскиот тим тогаш го елиминираше и Шериф Тираспол во второто коло. Дома славеше минимално со 1-0, а на гости издржа и одигра без голови. Во третото квалификациско коло следуваше дуел со Салцбург. Австрискиот тим со вкупни 4-0 (3-0 дома и 1-0 во гости) се пласираше во следната фаза, па Шкендија продолжи во Лигата на Европа.
Таму налета на Розенборг, кој славеше со вкупни 1-5, па така тетовци се збогуваа од можноста да играат во групите на едно европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

