Шкендија договори четири тестови на подготовките во Анталија

Есенскиот првак Шкендија ќе одигра четири пријателски натпревари на зимските подготовки во Анталија. Тимот на Ќатип Османи ќе спарингува против швајцарскиот тим Цирих (22.јануари), украинскиот Олимпик Доњецк (26.јануари), хрватскиот Динамо Загреб (30.јануари) и против Габала од Азербејџан (3.февруари).

Шкендија рано ќе го почне зимските подготовки, уште на 3.јануари следната година, а од 9.јануари ќе замине на седумдневни подготовки во Охрид. По ова ќе следи враќање во Тетово, по што тимот на 20.јануари ќе замине во турската база Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките насочена на одигрување пријателски натпревари.

По есенскиот дел од шампионатот, Шкендија има осум бода предност во однос на актуелниот првак Вардар. Овие два тима ќе се сретнат и во четвртфиналето на Купот на Македонија. Првиот меч ќе се одигра во Скопје на 21.февруари, а реваншот ќе следи во Тетово на 7.март идната година.

Се вчитува...