Шкендија договори шест теста: Пресметки со Динамо Киев, Динамо Батуми, Познањ… (ФОТО)

Тетовска Шкендија договори шест пријателски натпревари за време на зимските подготовки пред стартот на вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот контролен дуел ќе го играат на 20. јануари со второлигашот Арсими, па на 25. јануари следи меч со Скопје.

Главната фаза од подготовките ќе се реализира во Анталија, каде договорени се пријателски натпревари со Варта Познањ од Полска на 28. јануари, па со Динамо Батуми од Грузија, па следи меч со полска Варта Познањ на 1. февруари, а на 5. февруари е закажан дуел со летонска Лиепаја. Последниот дуел е на 5. февруари против Динамо Киев.

Се вчитува...