Шкендија после првото полувреме во дуелот со Хаверфордвест игра без голови. Нерелаизацијата се покажа како главен проблем на тетовските „црвено-црни“, кои не ги искористија своите неколку добри шанси и така пропуштија да водат на полувреме, па победата ќе мора да ја бараат во вторите 45. минути.
Четири супер шанси, најпрво преку Шала, кој успеа да ја стигне топката пред голманот Џонс, но не и да ја спроведе во мрежата, па таа отиде за малку крај голот. Шутот на Шала после тоа заврши со одбрана на голманот Џонс во корнер. Сериозна шанса имаше и Дашмир Елези, кој одкосо од десно шутираше само крај голот. Најдобрата шанса ја имаше Алмир Реџепи во судиското продолжение кога доби топка, и остана сам пред голот, но Џонс му го скроти ударот.
Од друга страна Велшаните и да не го видоа голот на Талески, меѓутоа во транзиција на неколку пати покажаа дека знаат да бидат незгодни, и Шкенидја мора да биде внимателна ако не сака да има непријатности на првиот меч во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА